Antiquity Connects
Sign Now
Почитувана г-ѓо, почитуван г-дине
Како ќе изгледа нашиот свет по 30 или 50 години? Ќе биде ли Европа способна да ги задржи и обнови своите европски вредности во натпреварот меѓу цивилизациите?
Според нашето мислење Европа се држи заедно не толку со својата економска и монетарна унија, туку, најмногу од си, поради нејзините заеднички вредности. Создавањето на слободна и демократска Европа втемелена на слобода, разум, солидарност и човекови права не може да се оствари само преку дипломатијата. Тоа всушност ќе се оствари преку образованието.
Идните вештини можат да се развијат само кога значењето на сегашноста се комбинира со свесноста за минатото. Сепак, во текот на многу години, училиштата ставаа поголем акцент на сегашноста и на блиското минато, не прифаќајќи дека можноста за изучување на основањето и на најдобрите традиции на нашата заедничка европска цивилизација претставува голема можност за духовниот развој на младите луѓе. Уште помалку се водеше сметка колку би можеле да бидат значајни класичните студии за изградбата на заедничкиот европски дом.
Овој европски идентитет е слабо развиен до денешен ден. Недостасува историска свест, која повеќе би се фокусирала на заедничките европски интереси, отколку на разликите. Со цел да се развие ваква свест, Европа мора да се сврти кон нејзините заеднички корени.
Кој и да настојува да ја вметне во свеста и во мислењето на луѓето свесноста за оваа заедничка Европа, мора да биде заинтересиран да им овозможи на младите луѓе ширум Европа да ги изучуваат класичните корени на нашата култура.
Кон иницијативата Антиката поврзува се приклучија научниците и наставниците од над 20 европски земји, за да укажат дека образовната политика во голема мера е одговорна за менталната и културната димензија на идна Европа.
Приложената брошура го содржи овој апел на 16 европски јазици; преводите на другите јазици се во подготовка.
Овој проект го поддржува заедничката организација на сите европски здруженија на наставници по класичните јазици Еврокласика и посебно нејзиниот претседател, проф. д-р Франциско Оливеира (Португалија).
За да успее, овој проект треба да биде поддржан од истакнати луѓе од цела Европа.
Оттука, би сакале да Ве замолиме со Вашиот потпис да дадете придонес за зајакнување на класичното образование во Европа.
Нашиот дел Антиката поврзува , заедно со листата на потписи во текот на следните месеци планираме да го презентираме пред националните влади и регионалните извршни институции, како и пред Европскиот парламент и пред Европската комисија.
Со најдобри желби и благодарност за Вашата поддршка.
If you already have an account please sign in, otherwise register an account for free then sign the petition filling the fields below.
Email and password will be your account data, you will be able to sign other petitions after logging in.
Continue with Google